Уапсен член на јапонска секта

Од:

Јапонската полиција ја уапси 40-годишната Наоко Кикучи, поранешна членка на јапонската секта Аум Шинрико, 17 години по нападот со отровен нервен гас во метрото во Токио, за кој е осомничена.

Во текот на утринскиот метеж на 20.март 1995-та, сектата Аум Шинрико ослободиле убиствен гас, при што животот го загубиле 13 лица, а над 5.000 биле повредени.

Кукучи призна дека учествувала во производството на гасот, но не знаела каков е материјалот.

Полицијата ја уапси Кикучи, во западниот дел на Токио, по пријава од граѓани.

Таа не дала отпор при апсењето и веднаш била однесена на испрашување.

Ова е претпоследниот член од сектата кој е уапсен, пет месеци откако Макото Хирата, друг поранешен член на истата секта, се предаде по 16-годишно криење.

Во бегство останува уште Катсуа Такахаши, последниот осомничен член за нападот.

Основачот на сектата Шоко Асахара и 12 негови следбеници можат да бидат осудени на смрт, за нападот со отровниот гас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија