Твитер го блокира ајатолахот Хамнеи поради закани кон Трамп

Од:

Твитер блокираше еден од налозите на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, поради прекршување на правилата на платформата.

Таквиот потег е преземен откако Хамнеи објави твит од неговиот налог @khamenei_site, во кој пишува „Одмаздата е неизбежна“ и сподели слика на голфер кој наликува на Трамп под сенката на голем дрон.

Твитот е сфатен како закана поради убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во американски напад, што ги обнови стравувањата за одмазда, пишуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана