Туск за инвазијата на Русија: Секоја отстапка ќе биде искористена против нас

Од:

Поранешниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск се изјасни против каква било форма на отстапки кон Русија во обидот да се запре нејзиниот напад врз Украина.

– Секоја наша слабост, секоја наша отстапка ќе биде искористена против нас, рече Туск. – Колку се построги санкциите, толку е поголема нашата солидарност со Украина, толку е поголема шансата да се избегне најлошото сценарио, а тоа е војна на наша територија.

Говорејќи пред средбата на лидерите на земјите од ЕУ, претседателот на Европската народна партија рече дека европското „помирување“ со Русија во изминатата деценија е „можеби најголемата геополитичка грешка“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија