Туск повика на избегнување на натамошна ескалација во Каталонија

Од:

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск денеска телефонски разговараше со шпанскиот премиер Маријано Рахој за состојбата во Каталонија по вчерашниот референдум за независност.

– Штотуку разговарав со Маријано Рахој. Ги делам неговите уставни аргументи. Повикав да се изнајде начин да се избегне натамошно ескалирање и употребата на сила, напиша Туск на Твитер по телефонскиот разговор.

Рахој го прогласи референдумот за независност на Каталонија за неуставен, и шпанската полиција реагираше да го спречи неговото одржување. Безмалку 900 лица беа повредени во инцидентите што следеа. Каталонските власти соопштија дека 42,3 проценти од граѓаните сепак успеале да гласаат, а од нив над 90 проценти биле за независност.

Би можело да ве интересира

Зеленски и Туск: Украина и Полска ќе работат заедно за да ја запрат руската агресија

Горан Наумовски

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Туск: Мора да се зајакне безбедноста во Балтичкото Море

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп