Туск нема да се кандидира за претседателските избори во Полска

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, синоќа објави дека нема да се кандидира на претседателските избори во Полска, поради неговото тешко искуство како премиер на таа земја.

– Јас нема да бидам кандидат на следните претседателски избори, изјави Туск за Полската телевизија, зборувајќи од Брисел.

Неговата одлука значи дека опозициските сили во Полска немаат кандидат кој би можел да биде против-кандидат на претседателот на Полска, Анджеј Дуда.

Дуда, кој ја поддржува владејачката партија Право и правда, ќе се бори за нов мандат во пролетта 2020 година.

Туск, кој беше премиер на Полска од 2007 до 2014 година, се сметаше за политичар кој може да го блокира бранот на десничарите и популизмот во државата.

Би можело да ве интересира

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани

Драма во Полска: Туристи затрупани под снежна лавина, спасувачите не ја знаат точната бројка

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он