Претседателот на Европскиот совет ги критикуваше богатите земји кои ги укорија европските народи за тоа што не примиле повеќе бегалци, а тоа не го сториле ниту самите тие.
Доналд Туск во вчерашното обраќање на седницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк, таквото однесување го нарече лицемерно.
– Голем број земји што се тука присутни се занимаваат со тој проблем на многу едноставен начин, поточно така што воопшто не дозволуваат мигранти и бегалци да влезат на нивна територија, истакна Туск.
Постојат и други места што може да се споредат со нас во однос на богатство, а кои неодамна се соочија со критики поради политиката кон бегалците за време на растечката сириска криза, нагласи Туск, без да именува ниту една конкретна држава.