Туск: ЕУ не сака да гради ѕид кон Велика Британија по Брегзитот

Од:

Европската унија на сака да изгради ѕид со кој Велика Британија би била одвоена од Европа, но по Брегзитот нормално е да има олабавување на врските, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

– Не сакаме да градиме ѕид. ЕУ сака Велика Британија да и биде близок пријател и партнер и затоа ќе ги започне преговорите за идните односи во отворен и позитивен дух, нагласи Туск на прес-конференција во Луксембург на која ги претстави ставовите на Унијата за идните односи со Лондон.

Клучен елемент од идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија, според планот на Брисел, треба да биде договорот за слободна трговија, чии контури засега не се сосема јасни.

– Имјаќи ги предвид неприкосновените позиции на Велика Британија единствено можно е да склучиме договор за слободна трговија, што ќе биде прв таков документ во исотријата, што ги ослабува, наместо да ги засили економските врски, додаде Туск.

Лондон планира по истапувањето од ЕУ да го напушти и единствениот пазар на блокот и царинската унија, што неизбежно се очекува да доведе до нови трговски односи меѓу двете страни.

Планот на ЕУ за идните односи со Велика Британија, што го презентираше Туск, се очекува да биде одобрен на самитот на ЕУ предвиден за 22 и 23 март во Брисел.

Преговорите за идните односи меѓу Велика Британија и ЕУ треба допрва да почнат, Во досегашниот тек од разговорите меѓу Брисел и Лондон се преговараше за конечниот договор за Брегзитот, пред се за финасискиот аспект на „разводот“, границата меѓу Репбилика Ирска и британската покраина Северна Ирска и за положбата на европските граѓани во Велика Броитанија и на британските државјани во државите членки од Унијата.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата