Туск: Да нема трошка лицемерие во одговорот за убиството на Кашоги

Од:

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, денеска во Европскиот Парламент ја повика ЕУ да не биде нималку лицемерна во однос на убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

– Ова беше толку ужасен злосторство што и најмалата трага на лицемерие ќе донесе срам за нас. Не е моја улога да кажам кој сака чии интереси да брани тука, но една работа знам: единствениот европски интерес е да се откријат деталите на овој случај без разлика кој стои зад него.

Познавајќи ги вашата сензитивност и одлучност, порача Туск, верувам дека нема да дозволите Европа, земјите членки или институциите да се инволвираат во каква било нејасна игра.

Убиството на новинарот Кашоги предизвика бура реакции ширум Европа. Некои земји членки на ЕУ повикуваат да се стави крај на извозот на оружје во Саудиска Арабија, додека други се подискретни во своите реакции.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција

ВИДЕО: Хеликоптер удри во болница во Турција, четворица мртви

Претседателот на Големото национално собрание на Турција во тридневна посета на земјава

А1он