Турско-руски односи: Ново доба, нови параметри

Од:

Џорнал оф Туркиш викли – Анкара

Крајот на Студената војна донесе очекувања дека Москва и Анкара ќе отворат нова страница во меѓусебните односи. Во пракса, во текот на изминатиот период економските односи меѓу двете земји ги одбележа реален напредок, како што произлегува од растечките трговски размени на стоки помеѓу двете земји – 4,2 милијарди долари во 1997 г., 28,2 милијарди долари во 2007 г., и 31,2 милијарди долари во 2014 година. Увозот на енергија на Турција од Русија значајно придонесе за овој пораст. Додека извозот на Турција во Русија во 2014 година беше во вредност од 5,9 милијарди долари, увозот достигна до 25,2 милијарди долари. Бројот на руски туристи кои ја посетуваа Турција во 90-ите години на 20-иот век беше стотина илјади, но порасна на над 3,5 милиони во 2012 година. Покрај ова, укинувањето на визите помеѓу двете држави го зголеми движењето.

И покрај сиот тој развој, голем проблем останува трговскиот дефицит на Турција со Русија.

Во тој контекст, Турција започна да очекува укинување на пречките за нејзиниот извоз во Русија, додкеа турските бизнисмени се надеваат на помалку бирократски пречки во нивните двострани бизнис односи. Овие две земји пред себе ја поставија високата цел да постигнат трговска размена во вредност од 100 милијатди долари. И покрај наведените проблеми, турско-руските економски односи постигнаа значителен напредок.

Но тешко е да се каже дека политичките односи на двете земмји се радуваат на ист таков развој. Главната причина за тоа е што турско-руските односи не успеаја да му преодолеат на менталитетот од Студената војна, што претставува значајна пречка, особено во двостраната соработка по односите за регионалните проблеми. Русија долги години беше внимателна кон блиските односи на Турција со турските републики. Русија ги толкуваше блиските односи на Турција на Балканот и на Блискиот исток како знак дека „Турција им служи на западните интереси“. Но на 1 март 2003 г. Великото национално собрание на Турција одби да и одобри на американската амрија да ја користи турската територија за да започне копнена инвазија во Ирак – чекор кој беше сфатен од Русија како зора на една Турција која може да дејствува независно во регионот.

Покрај ова, додека Турција ги засилува односите со Русија пред се во областа на енергетиката, тоа што Русија кристи вооружени сили во регонот – како за време на инвазијата на Грузија во 2008 година – отвори неколку прашања за Турција. Независно од молбата на САД да обезбеди помош за Грузија преку премините Дарданели и Босфор која беше одбиена од Турција, која се повика на Конвенцијата од Монтреал, односно на режимот за минување низ премините. Овој случај покажа дека Турција започнала да ги ревидира своите односи со Русија посебно од своите сојузници од Нато. Освен тоа, Турција, која се обидува да ја подбри меѓународната соработка во областа на енергетиката, постигна договор со Русија за изградба на атомска централа во округот Мерсин. Всушност, досега Русија не реагирала на разни дејствија на Турција, што отвори прозорец на можностите за подобрување на двостраните политички односи.

Дали е украинската криза зора на новата ера?

Независно од фактот што политичкото приближување меѓу двете држави е доста ограничено по Студената војна, затегнатата состојба на односите помеѓу Западот и Русија заради украинската криза може да отвори нов период и да определи нови параметри за турско-руските односи. Имајќи го во предвид тоа што односите на Русија со Западот и Украина сино настрадаа , Русија има потреба да престрои редица политики, особено во енергетската област.

Како што е очгледно од политичката динамика на земјата, проруските блокови нема да можат да ја одржат власта на која порано се радуваа. Во краен случај, Русија сега нема целосно да ја заобиколи Украина што се однесува до продажбата на нејзните енергетски ресурси во Европа. Во таа смисла, Русија прави планови за перидот по 2019 година, кога договорот за транзит на гас меѓу неа и Украина истекува. Мислејќи напред, Русија стигна до Турција со идејата за Турски тек, по пропаѓањето на Јужен тек.

Од гледна точка на Русија, Турција како регионална сила која има своја независна политика, е понадежен партнер од другите варијанти. Покрај тоа, тој вид на расудувње е поткрепен со фактот дека Турција избра да применува прагматична политика, кога реши да не биде дел од западните санкции спрема Русија заради украинската криза. Со редица санкции против Русија, Западот не дејствува организирано и сеопфатно, а што е уште поважно, не го дели мислењето на Турција, односно нејзнните политики спрема Русија. Во таа ситуација, зошто Турција да презема самостојни дејствија со Западот и САД и да ги уништува своите врски со Русија? Ако Русија ја земе во предвид чувствителноста на Турција по однос на кримските татари, украинската криза би можела фактичи да трасира пат за нова форма на соработка во турско-руските односи, кој ќе се простираат од Црно море до Централна Азија.

Турција треба да ги определи своите приоритети во односите со Русија и да и испрати јасни пораки за тоа. Безбедноста на Кавказ, односите на Турција со турските републики и енергетиката, може се искорситат за изработка на решение за проблемот во Нагорно Карабах, и да се направи важен чекор во обезбедувањето на безбедноста во кавкаскиот регион. Русија ги има потребните инструменти за да изврши притисок врз Ерменија по тоа прашање, затоа шт е таа зависна од Русија не само во однос на безбедноста, туку и економски. Ако Русија ја промени својата политика кон конфликтот во Нагорно Карабах, не само што ќе се отворат нови патишта за соработка меѓу Турција, Русија и Азербејџан, туку и Туркменистан може да биде вклучен во таа група како држава чии односи со Азербејџан брзо се развиваат.

Конфликтите кои станаа хронични на Блискиот исток, особено хаосот во Сирија, не вреди да се разгледуват во контекст на двостраните турско-руски односи, имајќи го предвид тоа дека Сирија се претвори во глобално прашање и како таква треба да биде аналзиирано во многу односи. Би било тешко за Русија да ја промени својата сегашна позиција за Сирија на краток рок. Главната грижа на Русија, всушност, се оние руски граѓани кои заминале во регионот за да се борат, и потенцијалниот ризик за безбедноста кој тоа претставува при враќањето на тие луѓе.

Во краен случај, и двата регионални играчи ќе имаат полза до соработката во таа нова доба. Турција може да ги подобри своите односи со Русија затоа што не се приклонува на притисоците н Западот за нејзина изолација, а Русија треба да се ангажира во слпчни дејствија со Турција за деликатни прашања, како на пример, за ерменските тврдења за геноцид.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски