Турски министер: Досега гаѓани се 471 мета и неутрализирани се 245 терористи во Ирак и Сирија

Од:

Турските авијација и артилерија гаѓаа речиси 500 цели на северниот дел на Ирак и Сирија од неделата, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Според изјавата на министерот, „досега гаѓани се 471 мета и неутрализирани се 245 терористи“ во рамки на операцијата против позициите на курдските борци.

Турција во неделата почна операција, во чии рамки извршена е низа воздушни напади, а потоа отворен артилериски оган на позициите на Курдската работничка партија (ПКК) и Единиците за народна заштита (ИПГ).

Анкара ги обвинува дека го наредиле нападот во Истанбул од 13 ноември, кога загинаа шест лица, а 81 се здобија со повреди, нешто што беше демантирано од нивна страна.

Турција се заканува со копнени операции на северниот дел на Сирија со цел да ја заштити нејзината јужна граница.

Во тие напади загинаа околу 40 луѓе, како што наведува невладината Сириска опсерваторија за човекови права.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето