Туркменистан: Бердимухамедов положи заклетва за третиот мандат

Од:

Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов положи заклетва за третиот мандат, откако победи на изборите на 13 февруари со освоени 98 проценти од гласовите, со одѕив од 97 проценти.

Церемонијата на инаугурација се одржа во палатата во центарот на главниот град Ашхабад во присуство на 2.500 лица – пратеници, членови на Владата, странски амбасадори и осумте ривали на Бердимухамедов, кои најавија поддршка за неговото управување.

Бердимухамедов беше личен стоматолог на претходниот претседател Сапармурат Нијазов и министер за здравство.

Тој стана претседател за прв пат во 2007 година со 89 проценти од гласовите, помалку од една година по смртта на Нијазов.

Во 2012 година тој го доби и вториот мандат со 97,14 проценти од гласовите. Бердимухамедов е претседател, шеф на Влада и генерал.

Тој ги држи под речиси целосна контрола медиумите и граѓанското општество и наложи култ на личноста во петмилионската земја.

Уставот на Туркменистан беше изменет за продолжување на претседателскиот мандат од пет на седум години и елиминирање на старосната граница од 70 години, што практично му овозможува на Бердимухамедов да биде доживотен претседател.

– Народот му укажа голема доверба, кога ме избра за претседател, нагласи 59-годишниот Бердимухамедов.

За Туркменистан започнува нова етапа на развој и си поставуваме уште поголеми цели, нагласи тој и вети дека наскоро ќе создаде вршител на должноста заштитник на човековите права во Туркменистан, каде според организациите за заштита на човековите права како „Амнести интернешнал“, тие права редовно се кршат.

Би можело да ве интересира

Во Туркменистан се гради нов град: Чини 4,5 милијарди евра, ќе го носи името на лидерот

Пораст на физичкото насилство врз жените во Туркменистан

А1он

Синот на актуелниот претседател победи на претседателските избори во Туркменистан

Синот на претседателот на Туркменистан влегува во претседателската трка

Ана Ололовска

Задолжителна вакцинација за полнолетните граѓани во Туркменистан

Ана Ололовска

Во Туркменистан нема коронавирус – и натаму тврди претседателот, Гурбангули Бердимухамедов

Жарко Настоски