Турција објави програма за борба против инфлацијата

Од:

Турскиот министер за трезор и финансии Берат Албајрак, се заложи за сеопфатна борба против инфлацијата, јавува Андолија.

Презентирајќи го новиот пакет мерки за борба против инфлацијата, денеска Албајрак оцени дека со тоа ќе се зголеми довербата на инвеститорите.

Со пакетот мерки не се предвидува зголемување на цените на електричната енергија и природниот гас до крајот на годината.

Турскиот министер посочи дека власта ќе понуди поддршка на бизнисите со цел да ги спречат отпуштањата и најави дека компаниите кои се дел од антиинфлациската програма ќе применуваат минимален попуст од 10 отсто на цените до крајот на оваа година.

– Нашите банки ќе даваат попуст од 10 отсто за заеми со високи камати дадени по 1 август, додаде Албајрак.

Годишната инфлација во Турција во месец септември достигна 24,52 отсто, што е зголемување во однос на август и тогашните 17,90 проценти.

Во последните пет години, годишната инфлација  беше најниска во април 2013 година кога избесуваше 6,14 отсто, а највисока беше во септември годинава.

Како што беше најавено во новата економска програма на Турција, објавена минатиот месец, целната стапка на инфлацијата во земјата за оваа година е 20,8 отсто, за следната година целната стапка е 15,9 отсто, 9,8 отсто за 2020 година и 6,0 отсто за 2021 година, потсетува Анадолија.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Министерот за економија ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Левица: При инфлација и социјална несигурност владата зголемува буџет за војни на 3% од БДП

Горан Наумовски

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски