Турција, Ирак и Курдите тврдат дека помогнале при нападот на лидерот на Исламската држава

Од:

Турција денеска соопшти дека била во „координација“ со САД пред спроведувањето на американската операција во Сирија, во која, според американските медиуми, убиен е лидерот на терористичката група Абу Бакр ал Багдади, веројатно најбараниот човек во светот.

„Пред американската операција во провинцијата Идлиб во Сирија минатата ноќ, имаше размена на информации и координација меѓу воените власти на двете земји“, се наведува во соопштение од турското Министерство за одбрана.

Американските медиуми, исто така, ја пренесуваат изјавата и на неименуван ирачки разузнавач кој вели дека токму ирачката разузнавачка служба на американската коалиција и ги дала точните координати на локацијата на лидерот на ИД. Ирачката служба ја дознала локацијата на Ал Багдади од документи пронајдени на тајна локација во пустина, во западниот дел на Ирак, откако биле уапсени двајца Ирачани од неговиот „најтесен круг“.

– Таа соработка беше успешна и доведе до конечната цел – убиство на Ал Багдади, изјави ирачкиот разузнавач.

Од друга страна, командантот на Сириските демократски сили (СДФ) Мазлум Абди денеска изјави дека овие сили, предводени од Курдите, пет месеци работели на заедничка операција со Американците за ликвидација на Ал Багдади.

– Постоеше разузнавачка работа на терен и прецизно следење, со цел во заедничка операција да се елиминира терористот Абу Бакир ал-Багдади, напиша на „Твитер“ генерал Абди. Тој се заблагодари на сите кои придонеле за тоа и во твитот го означи американскиот претседател Доналд Трамп.

Според сириската Невладина Опсерваторија за човекови права, која има голема мрежа на терен, американски командоси, со хеликоптери се спуштиле во текот на ноќта во областа Идлиб, каде се неоѓаат групи блиски до ИД.

Си-Ен-Ен и Еј-Би-Си јавија за нападот, повикувајќи се на високорангирани функционери, посочувајќи дека се верува оти во нападот е убиен озлогласениот терорист.

Според Си-Ен-Ен сега се спроведуваат форензички тестови за да се потврди идентитетот. Според некои информации, тој го активирал елекот со експлозив за да се самоубие во моментот на нападот.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ