Турција и САД во конфликт околу извештај за Аја Софија

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го критикуваше последниот годишен извештајот на американскиот Стејт департмент за верските слободи во светот, велејќи дека е „трагикомично САД да коментира слобода на религијата и човековите права“.

Во извештајот објавен вчера, кој се однесува на 2019 година, Стејт департментот ја повикува Турција да го почитува статусот на прочуениот истанбулски храм Аја Софија како глобално наследство, затоа што тој носи посебна симболика што ги надминува културите.

Чавушоглу денеска изјави дека Аја Софија „не е прашање на меѓународни односи, туку на национален суверенитет“.
Во интервју за НТВ, Чавушоглу ги коментираше неодамнешните расправи за евентуално повторно отворање на Аја Софија како џамија, нагласувајќи дека познатиот историски објект служел како џамија од османлиското освојување на Истанбул.
Објаснувајќи дека никој не треба да ја коментира слободата на вероисповед во Турција, турскиот министер истакна дека чекорите кои турските власти ги презеле во последните 20 години кон различни малцински заедници во земјата, се евидентни.
Шефот на турската дипломатија упати критика за извештајот на американското Министерство за надворешни работи за религиски слободи во 2019 година, оценувајќи го како „необјективен“.

„Во САД расизмот е присутен во голема мерка. Постои и исламофобија. Во последно време и ксенофобија. Вознемирувањето и нападите врз муслиманите во САД, исто така, се присутни и на високите функции, вклучувајќи членови на Конгресот од исламска вероисповед, изјави Чавушоглу.

Потсетувајќи на делови од извештајот на Стејт департментот околу расправите за претворање на истанбулските музеи Аја Софија и Хора во џамии, Чавушоглу повеќепати истакна дека тие два историски објекта се сопственост на Република Турција.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски