Турција: Голема акција на полицијата, уапсени се 65 дилери

Од:

Турската полиција уапси 65 лица во голема акција против трговијата со дрога во градот Текирдаг, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалната мрежа Икс.

Од уапсените, 35 останале во притвор, а 30 лица се ослободени со мерки на претпазливост.

Операцијата, која била подготвувана три месеци, вклучувала следење на улични дилери, како и лица кои нуделе дрога преку социјални мрежи и апликации за пораки.

– Во текот на тие три месеци спроведовме интензивна теренска работа и анализи. Ги следевме осомничените со технички средства и преку физичко присуство. Собравме докази за сите обвинувања, изјави Јерликаја.

Во акцијата учествувале 320 припадници на жандармеријата, вклучително и 13 моторизирани тимови, седум командоски единици и специјално обучени полициски кучиња.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во Анталија: Пукање во владина зграда, напаѓачот се заклучи внатре, специјалните сили ја опколија зградата

ВИДЕО: Узбуна во НАТО базата Инџирлик во Турција

Акциска контрола низ државава: Казнети се 37 возачи на камиони

Горан Наумовски

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда