Турција го одложи состанокот со Шведска и Финска

Од:

Турција го одложи трилатералниот состанок со Шведска и Финска, закажан за февруари, по протестите што викендот се одржаа во Стокхолм, во кои беше запален Куранот, што предизвика осуда од Анкара, објави денеска државната телевизија ТРТ.

Средбата што требаше да се одржи во февруари во Брисел е одложена на барање на Анкара, објави ТРТ, повикувајќи се на турски дипломатски извори. Портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на почетокот на месецов изјави дека на тој состанок ќе учествува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Извор од турското претседателство изјави дека Турција не ја откажала, туку ја одложила средбата, без да прецизира кога.

Ердоган вчера рече дека Шведска не треба да очекува поддршка од Турција за пристапување во НАТО по протестите во близина на турската амбасада во Стокхолм каде беа запалени примероци светата книга на исламот.

Минатата година Шведска и Финска поднесоа барање за приклучување кон Северноатлантскиот договор, по почетокот на руската инвазија на Украина, но за тоа им е потребна поддршка од сите членки, вклучително и Турција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски