Туниската крајбрежна стража спаси 450 мигранти

Од:

Туниската крајбрежна стража денеска соопшти дека осуетила 37 обиди на мигрантите да ја преминат морската граница и спасила 455 мигранти за време на неколку операции во текот на ноќта кај северниот, источниот и јужниот брег на земјата.

Од 455 спасени мигранти, 289 се од потсахарските држави, а другите се државјани на Тунис.

Според туниски извори, минатата година 15.671 мигрант успеале да пристигнат до Италија од тунискиот брег, а во 2020 година нивниот број изнесувал 12.883.

Италија е една од главните влезни точки во Европа за мигрантите од Северна Африка, кои главно пристигнуваат од Тунис и Либија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти