Трудо: САД и Канада се договорија да не ја отвораат границата до 21 јули

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека Канада и САД се согласиле да ги продолжат рестриктивните гранични мерки за уште 30 дена, до 21 јули.

„Тоа е одлука која ќе ги заштити луѓето од двете страни на границата, додека ја продолжуваме борбата против Ковид-19,“ посочи Трудо.

Канадско-американската граница требаше да биде отворена во април, но заштитните мерки досега двапати се продолжуваа и пред најновата одлука важеа до 21 јуни.

Трудо во своето обраќање најави и дека канадската влада ќе ја продолжи помошта за најранливите групи и за компаниите, воведена во април, а која требаше да истече на почетокот на јули.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он