Тропски бури над источниот Атлантик и во близина на Мексико

Од:

Тропската бура Ирма постепено зајакнува над источниот дел на Атлантскиот Океан, а според наводите на Националниот центар за урагани на САД, се очекува денеска или утре да се претвори во ураган.

Бурата се наоѓа на околу 770 километри западно од Зелено ’Ртски Острови и одржува максимална брзина на ветерот од 95 километри на час.

Се уште не е издадено предупрадувања за опасност.

Националниот центар за урагани на САД, предупреди дека во Тихиот Океан се создава тропската бура Лидија, на околу 290 километри југоисточно од мексиканската сојузна држава Долна Калифорнија, а во текот на следните денови се очекува да се претвори во ураган.

Властите во Мексико издадоа предупредување за тропски бури и можност за урагани во јужниот дел на полуостровот Долна Калифорнија, наведувајќи дека постои веројатност крајбрежниот регион, вклучително и одморалиштетот Лос Кабос, да биде погодено од силни ветрови и поројни дождови.

Се учекува бурата да се претвори во ураган уште пред да стигне до брегот.

Бурата се движи кон север со 11 километри на час и одржува ветер со максимална брзина од 65 километри на час.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД