Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Од:

Тројца тинејџери се приведени во Германија под сомнение дека планирале напад мотивиран од исламистички екстремизам, соопшти денеска германското обвинителство.

Обвинителите соопштија дека се приведени две девојчиња на возраст од 15 и 16 години и едно 15-годишно момче од западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Налозите за апсење на тинејџерите се издадени за време на велигденскиот викенд, соопштија официјални лица.

Приведените тинејџери ја величеле терористичката група Исламска држава (ИД) и дека нивниот план вклучувал напади со нож и молотови коктели врз верниците во црквите и полицијата во полициските станици.

Официјални лица рекоа дека тинејџерите формирале група за разговор и дека истражителите веруваат дека постои ризик од напад и затоа извршиле претреси, иако немало конкретен план за напад во одредено време или место.

Германија во моментов е во состојба на готовност за можни исламистички напади поради војната меѓу Израел и Хамас.

Исламистичките екстремисти извршија неколку напади во Германија во последниве години, а најсмртоносниот беше во Берлин во декември 2016 година, кога загинаа 12 лица.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот