Тројца полицајци ранети при вооружен напад во Копенхаген

Од:

Тројца полицајаци се ранети попладнево во данскиот главен град Копенхаген при напад врз учесниците на дебата за слободата на говорот, на која присуствувале и францускиот амбасадор во Данска, Франсоа Зимерај и шведскиот карикатурист Ларс Вилкс, кој стана познат по карикатурите со пророкот Мухамед, јави ДПА.

Ранетите полицајци биле ангажирани на обебзедување на собирот и биле распоредени пред кафулето „Крудтенден“, во кое се одржувала дебатата.

Данската телевизија ТВ2 објави дека на прозорците на кафулето „Крудтенден“ „биле изброени околу 30 дупки од куршуми“.

Очевидци изјавија дека при нападот се слушнале „најмалку 50 истрели“, а полициски извори тврдат дека биле дури 200.

Еден од организаторите на собирот, насловен „Уметноста, богохулството и слободата на говорот“, изјави дека Вилкс не е повреден при нападот, а самиот Зимерај на својот профил на Твитер исто така објави дека минал без повреди при нападот.

Вилкс стана познат во 2007 година по објавувањето на карикатурите на кои пророкот Мухамед беше прикажан како куче. По ова повеќе исламистички групи му се заканија со убиство, поради што тој живее под засилено полициско обезбедување.

Кафулето „Крудтенден“, што се наоѓа во северниот дел на Копенхаген, е популарно собиралиште за љубителите на џезот.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ