Колумбиските власти соопштија дека три лица починале од последици на вирусот „Зика“ откако кај заболените пациенти се развило невролошко пореметување.
Тоа е првпат здравствени официјални лица директно да објават дека причина за смрт се последици од вирусотк „Зика“.
– Имаме три потврдени случаи како последица на вирусот „Зика“ – изјави Марта Лусија Оспина, директорка на националниот Институт за здравје во Колумбија.
Пациентите починале од редок невролошки синдром предизвикан од вирусот.
Колумбија покрај Бразил, е најтешко погодена од опасниот вирус што го пренесуваат комарци.