Тројца холандски државјани настрадале во нападите во Брисел

Од:

Тројца државјани на Холандија се меѓу загинатите во терористичките напади на аеродромот и метро станицата Малбек во Брисел во вторникот, во кои вкушно загина 31 лице, а над 300 беа повредени, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што информираат холандските медиуми, смртта на тројцата Холанѓани денеска ја потврдил министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, кој се наоѓа во официјална посета на Индонезија.

Според Кундерс, жртвите се брат и сестра кои живееле во САД, како и една жена од градот Девентер.

Шефот на холандската дипломатија и претседавач со Советот на Европската унија, потврди дека синоќа тој веќе ги известил семејствата на загинатите.

Покрај овие тројца холандски државјани, единствено досега е познат идентитетот на уште еден странец, кој загинал во терористичктие напади во Брисел. Станува збор за 36-годишната Перуанка, Марина Тапиа Руиз.

Белгискиот министер за надворешни работи Дидје Рејндерс, потврди дека меѓу жртвите во нападите има државјани на најмалку 14 држави, но белгиските власти се уште не излегле со имиња и националност на загинатите, бидејќи според нив, „најважно е згрижување и безбедност на повредените“.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски