Трка за вселената, кој до каде стаса

Од:

Вселенската трка на САД и Советскиот Сојуз, која ги обележаа неколкуте децении од минатиот век, наскоро може да изгледа како детска игра, во споредба со трката во која во 21 век се вклучени десетина земји.

Минатонеделното лансирање на јужно-корејската ракета, „Наро-3“, со дострел од 800 километри, ги разбрани духовите во регионот, во кој Кина, Јапонија и Северна Кореја веќе долго време не ги кријат амбициите кон развивање на вселенските програми.

Ракетата која Сеул ја лансираше, не само што ја направија земјата 13-та во светот која успеа да ги пробие „оковите“ на земјината атмосфера, туку во нејзиниот дострел е кинескиот мегалополис Шангај и престолнината Пекинг, што воопшто не е и се допаѓа на Кина, но и на САД, кои се сојузник на режимот во Сеул.

Кинезите успеаја во изминатите десет години да го испратат првиот астронаут во вселената, 2008. година, да ја извршат првата „вселенска прошетка“, а минатата година успешна мисија имаше и првата жена астронаут. До 2020. година, Кина планира да постави вселенска станица, а до 2025. година, да испрати човек на површината на Марс.

Од 2024. година, Американците би сакале да имаат постојана база на Месечината. Престојот на Вселенското возило „Кјуриозити“ минатата година на површината на Марс, вовед е во „освојувањето“ на црвената планета.

 

Покрај месечината и Марс,Русија се интересира и за Венера. Планот на властите во Москва е околу 2016, да лансира летало, кое би вршело истражувања во орбитата на планетата. Амбициозни планови во врска со фселената има и Индија, која развојот на мисијата сака да го започне со испраќање на леталото “Mangaljan” во орбитата на Марс. Вкупните трошоци на оваа програма се проценети на 83 милиони долари. Иако западните медиуми со потсмев се однесуваат на веста дека Иран успеал во вселенската капсула, “Pišgam” да испрати мајмун во вселената и безбедно да го врати минатата недела, ова е голем чекор на Техеран кон испраќање на човечки екипаж во вселената.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата