Вооружени напаѓачи уапднаа во просториите на сателитската телевизија Ал Наба, ја прекинаа нивната програма и го натераа персоналот да ја напушти ТВ станицата, соопштија двајца новинари на тој канал, кој се смета за близок до властите кои ја контролираат либиската престолнина.
Програмата е целосно прекината половина час откако на екранот се појави црвен натпис „Итно“ и потоа текстот на пораката дека „синовите и револуционери на Триполи го затвориле овој канал на наслога и поттикнување омраза“, пренесува Танјуг. Во пораката уште се наведува дека ќе биде прогонуван и фатен секој оној кој во иднина ќе работи за оваа ТВ станица.
– Група вооружени мажи, од кои некои беа во униформи, а некои во цивил, упаднаа во нашите простории, ги собраа вработените и им рекоа дека повеќе нема што тука да бараат, изјави еден од вработените новинари.
Каналот во средата го објави коментарот на Калифа Гвеил, лидер на непризнатите власти кои го контролираат Триполи, во кој тој бара Фајез ал Сараџ, шеф на владата на национално единство, поддржана од Обединетите нации, да го напушти Триполи.