Триесетина Чеси се сметаат за исчезнати по пад на лавина во Непал

Од:

Чешките органи, по падот на лавината во Непал, не успеваат да стапат во контакт со околу триесет Чеси, кои се наоѓаат во близина на местото, соопшти чешкиот амбасадор во Индија Милослав Сташек.

– Ситуацијата се менува секој момент, бидејќи роднините и пријателите постојани пријавуваат нови и нови луѓе, кои во моментов се во Непал и сега имаме евидентирано 70 наши државјани таму, а со повеќе од 40 успеавме да стапиме во контакт, информираше Сташек за порталот „Новинки“.

Според амбасадорот, повеќето од исчезнатите се наоѓаат во близина на планинскиот масив Анапурна каде во средата во снежна бура и лавина загинаа 29 луѓе, од кои двајца Словаци, јави дописникот на МИА од Прага.

Би можело да ве интересира

Непал ги зголемува таксите за искачување на Монт Еверест

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка