Триесет загинати во пожар во бегалски камп на Тајланд

Од:

Триесет лица загинаа, а околу 200 се повредени денеска при пожар во бегалски камп во Тајланд, во кој се сместени бегалци од Мјанмар, соопштија тајландските власти.

Пожарот избувнал во кампот Мае Сурин, каде живеат околу 4.000 мјанмарски бегалци. При огнената стихија се уништени се околу 100 живеалишта, во кои престојува бегалците. Пожарникарите успеале да го изгаснат огнот дури по два часа.

На Тајланд има десетина кампови за бегалци долж границата со Мјанмар, изградени кон средината на 80-тите години од минатиот век.

Минатиот месец таму се регистрирани 130.000 лица, од кои 80.000 имаат официјален статус на бегалци.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Во февруари имало вкупно 448 пожари на отворен простор

Активни два пожара на отворено, на Китка и кај Булачани

ЦУК: Во последното деноноќие 1.747 повици на 112, десетина пожари на отворено иако е зима

Предраг Петровиќ

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

(ВИДЕО) Два големи пожари во Русија

Горан Наумовски