Триесет и шест години од несреќата во Чернобил

Од:

Денеска се навршуваат 36 години од несреќата во Чернобил во Украина.

На денешен ден во 1986 година експлодира четвртиот реактор на тогашната советска нуклеарна централа во Чернобил, предизвикувајќи ја најтешката нуклеарна мирнодопска катастрофа. Советските власти по два дена соопштија за експлозијата.

Десетици луѓе го изгубија животот веднаш по катастрофата, а се верува дека илјадници луѓе починаа од последици од радијација.

Најтешката катастрофа во историјата на нуклеарната енергија принуди околу 300.000 лица да ги напуштат своите домови.

Радиоактивниот облак прекри значаен дел од Европа со несогледливи последици.

Нуклеарката Чернобил повторно е актуелна и од неодамна по руската инвазија врз Украина.

Руските сили, кои ја нападнаа Украина на 24 февруари, на самиот почеток на инвазијата го заземаа Чернобил и го држеа под опсада пет седмици, пред да се повлечат на 31 март. Меѓународната агенција за атомска енергија изгуби контакт со нуклеарната електрана на 10 март.

На 20 април генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси изјави дека директната комуникација меѓу МААЕ и нуклеарната електрана во Чернобил е обновена.

Гроси најави дека МААЕ ќе испрати експерти во Чернобил во текот на месецов со цел „да се тестира нуклеарната безбедност, да се спроведат радиолошки проценки, да се испорача витална опрема и да се поправи далечинскиот заштитен систем на Агенцијата“.

Би можело да ве интересира

Украина: Руските војници кои беа во Црвената шума во зоната Чернобил во 2022 година не се живи

Горан Наумовски

Гроси: Најголемата нуклеарна централа во Украина е целосно надвор од контрола

А1он

Меѓународната агенција за атомска енергија ќе помогне во санацијата на штетите во Чернобил

МААЕ: Нивото на радиоактивност во Чернобил е нормално

А1он

Гроси: Нивото на радијација во Чернобил е ненормално

Украина: Нуклеарната централа во Чернобил повторно е во комуникација со државниот регулатор