Тридневен карантин за Фритаун во обид да се спречи ширење ебола

Од:

Властите во Сиера Леоне најавија дека ќе побараат жителите на главниот град Фритаун да останат во своите домови три дена во обид да спречат ширење на епидемијата од ебола.

Станува збор за 2,5 милиони луѓе кои живеат во Фритаун и области на север во државата, а мерките ќе траат од 27 до 29 март.

Таков своевиден карантин веќе беше подготвен во септември лани во Сиера Леоне, една од трите држави во Африка кои се најтешко погодени од еболата поради која животот загубија околу 3.700 луѓе.

Според СЗО од 2013 година досега од еболата во Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја животот го загубија повеќе од 10.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски