Три земји бараат од ЕУ економска помош за Белорусија

Од:

Претседателите на Литванија, Полска и Романија ќе побараат од лидерите на Европската унија да понудат пакет поддршка за Белорусија на самитот што ќе се одржи оваа недела, објави денеска литванскиот претседател Гитанас Науседа.

Според соопштението, пакетот ќе вклучува повластен трговски режим со ЕУ, безвизен режим и поддршка за преговори за влез во Светската трговска организација.

Во посебно соопштение на тројцата претседатели, предложениот пакет е наречен „поддршка за демократска Белорусија“.

Дел од договорот е поддршка за реформите и диверзификација на енергетскиот сектор, како и за транзиција кон либерална економија.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки минатата недела изјави дека земјата сака ЕУ да и понуди на Белорусија финансиска помош од најмалку една милијарда евра како дел од „Маршаловиот план“.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Силен земјотрес во Романија