Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Од:

Премиерот на Полска, која до јули претседава со Европската Унија, Доналд Туск, денеска по разговорот со европските комесари во Гдањск изјави дека во ЕУ не смее да се донесе ниту една одлука која би ја зголемила цената на енергијата, во спротивно конкурентноста на Европа ќе стане обична илузија.

„Сите сме свесни дека нашите активности во заштитата на животната средина и климата не смеат да наметнуваат товар што ќе биде ризичен за европските бизниси и семејства. Не смее да се носат повеќе одлуки во Европа кои би ја зголемиле цената на енергијата. Сите мора да се концентрираме на донесување одлуки чиј непосреден ефект ќе биде да ја поевтини“, рече Туск на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Полскиот премиер истакна дека климатските цели отелотворени во Зелениот договор не се менуваат, бидејќи е јасно дека на планетата и е потребна заштита, но дека тоа не може да биде на штета на граѓаните и економијата.

„Во спротивно, нашата конкурентност ќе биде обична илузија“, рече Туск.

Би можело да ве интересира

Полска почна да им испраќа мобилизациски покани на граѓаните

Туск обвини за саботажа: Пожарот е намерно подметнат

Туск: Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки за безбедноста на Европа

Туск: Треба да се засрамат оние што го изградија „Северен поток“, а не оние што го уништија

Четири милијарди долари за Иран преку крипто фирма од Варшава

Приведени тројца хрватски државјани и жена од Полска: Подметнале десет пожари