Tри случаи на варијантата на коронавирус пронајдена во Јужна Африка изолирани во Ирска

Од:

Здравствените власти во Ирска, кадешто се шири позаразната варијанта на вирусот корона, откриена за прв пат во Англија, денес објавија дека веруваат дека изолирале три случаи на новата варијанта пронајдена во Јужна Африка, пренесува Танјуг.

Ирска ги потврди првите случаи на заразната варијанта во петокот, кај луѓе кои пристигнале од Јужна Африка за време на Божиќните празници, пренесува Ројтерс.

Ирска оваа недела извести за се поголемото присуство на варијанта која најпрво беше детектирана во Англија. Откриена е во 25 проценти од позитивните случаи кои биле подложени на понатамошно тестирање во текот на неделата до 3 јануари, во споредба со само девет проценти две недели претходно.

– Британската варијанта повеќе нè загрижува поради количината на вирус што е на островот, а знаеме дека тој се пренесува во заедницата – наведува ирската лабораторија за национални вируси во Ирска.

Сепак, како што тврдат, добрата работа во врска со јужноафриканската варијанта е што е утврдено точно од каде потекнуваат овие случаи, изолирани се, контролирани и пронајдени се контактите, а колку што е познато, немало понатамошно пренесување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Англија ја совлада Ирска

Хеликоптер удри во зграда во ирско село: Има голем број на жртви

Горан Наумовски

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

Норвешка и Ирска ќе ја признаат Палестина