Три лица загинаа во пожар во Калифорнија, евакуирани илјадници луѓе

Од:

Три лица загинаа во пожарот кој го зафати северниот дел на Калифорнија во округот Шаста, додека друг пожар изби во познатите вински региони во областите Напа и Сонома, поради што се евакуирани илјадници луѓе.

Засега не се соопштени детали за жртвите, ниту се наведени околностите на нивната смрт.

Од средината на август во Калифорнија беснеат големи пожари, во кои досега загинаа 29 лица.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом неодамна изјави дека пожарите покажуваат оти дебатата за климатските промени е „завршена“.

Причините за пожарите и понатаму се истражуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Калифорнија: Снегот блокираше патишта

ВИДЕО: Украл авион од аеродром и слетал на плажа во Калифорнија

(ВИДЕО) Домови на милионери паднаа по карпи, од лизгањето на земјиштето луксузни вили на само милиметри од Пацификот

Горан Наумовски

Хеликоптерска несреќа во Калифорнија, има и загинати

А1он

(ВИДЕО) Големо невреме направи хаос во Калифорнија, тројца мртви

ВИДЕО: 14-годишник во Калифорнија си ги убил родителите, измислил дека ги нападнале провалници