Три лица осудени на смрт во Саудиска Арабија поради напад во 2003 година

Од:

Три лица се осудени на смрт во Саудиска Арабија поради поврзаност со Ал Каеда и соучесништво во напад извршен врз станбен комплекс во Ријад во 2003 година.

Пет лица, обвинети за членување во истата група, биле осудени од истиот суд на казна затвор од 25 до 30 години поради поседување на оружје и перење пари.

Во ноември 2003 година, при напад врз комплексот „Ал Махја“ во саудискиот главен град, загинаа 17 луѓе, од кои повеќето беа државјани на арапски земји.

По серија напади извршени од Ал Каеда во Саудиска Арабија во периодот меѓу 2003 и 2006 година, државата во 2011 година формира специјални судови за водење дела против терористи.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови