Три лица обвинети за терористички активности во Данска, судењето закажано за ноември

Од:

Три лица се обвинети за набавка на хемикалии со намера да направат бомби, соопштија денеска данските обвинители, посочувајќи дека тројката планирала терористички напади, јави ДПА.

Според соопштението, меѓутоа, не е јасно дали бомбите за кои групата е обвинета било планирано да се користат во Данска или во други земји.

Обвинителката Лис-Лоте Нилас изјави дека плановите на тројцата обвинети им биле спречени, кога двајца од мажите во групата, на возраст од 22 и 23 години, биле приведени. Трагата од нив ги довела до третиот член, 39-годишна жена обвинета за финансирање на терористичките операции на ќелијата.

ДПА додава дека тројката била приведена во декември 2019 година.

Жената, исто така, е обвинета дека им помогнала на членовите на терористичката група Исламска држава да комуницираат преку Интернет и да формираат профили на социјалните мрежи.

Случајот се очекува да почне во судот во Копенхаген во ноември.

Би можело да ве интересира

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

На четворицата уапсени за тероризам им е одреден 30-дневен притвор

Катерина Ѓуровски

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот