Три големи кратери во планината: Првите сателитски снимки објавени по нападот на Фордоу

Од:

Врз основа на сателитските снимки од објектот Фордоу по синоќешниот напад од страна на американските бомбардери Б-2, видливи се кратери на планината каде што се наоѓаат подземните објекти за збогатување на ураниум.

Според анализата на сателитските снимки од Фордоу од страна на Британскиот центар за отворен код, видлива е штета на планината над објектот Фордоу.

На северната страна од комплексот се видливи најмалку три кратери, кои се групирани на кратко растојание. Иако не се потврдени, кратерите би можеле да бидат резултат на пенетрација на американските пенетрациски бомби GBU-57 MOP.

Центарот наведува дека од другата страна на планината, сателитските снимки покажуваат слегнување на земјата, што би можело да биде директна последица од експлозивниот ефект во длабочината на објектот.

Американската армија, како и воздухопловните сили, не ги потврдија ниту детално ги опишаа ефектите од синоќешните напади, во кои се наведува дека во нападот биле употребени 12 пенетрациски бомби GBU-57 MOP.

Би можело да ве интересира

Калас: Израелските акции сериозно го загрозуваат примирјето

Израел: Ја убивме „десната рака“ на водачот на Хезболах

Израел: Убивме клучен терорист – дејствуваше под маската на новинар на Ал Џезира

Врховниот лидер на Иран прогласи победа над Америка

Горан Наумовски

Захарова: САД ја покажуваат својата агресија поради долговите низ целиот свет

Израелските одбранбени сили ќе воспостават нова безбедносна зона во Јужен Либан