Три години по несреќата, Индонезија повторно го пушти во употреба Боинг 737 Макс

Од:

Индонезија ја укина забраната за употреба на авиони Боинг 737 Макс во воздушниот сообраќај, повеќе од три години по несреќата на Лајон Ер, во која загинаа 189 луѓе.

Индонезиското Министерство за транспорт соопшти дека укинувањето на забраната ќе стапи во сила веднаш, додавајќи дека одлуката е донесена по регулаторните проверки за промените на системите на авионите.

Тие исто така нагласија дека превозниците мора да ги следат директивите за пловидбеност и да ги проверуваат авионите пред да ги стават во употреба, најавувајќи и државни инспекции.

Авиокомпаниите ширум светот го приземјија најпродаваниот авион на Боинг откако авион од ист модел се урна во Етиопија неколку месеци по несреќата во Индонезија, при што загинаа 157 луѓе.

Етиопијан ерлајнс објави дека повторно ќе го стави во употреба Боинг 737 Макс во февруари.

„Одвоивме доволно време за да ја следиме работата на промените на структурата и по повеќе од 20 месеци ригорозен процес на корекција… нашите пилоти, инженери, техничари на авиони, екипажот во кабината се уверени во безбедноста на флотата“, рече извршниот директор на етиопската компанија Теволде Гебремариам.

Повеќе од 180 земји, во меѓувреме, ја укинаа забраната за сообраќај на 737 Maкс, вклучувајќи ги САД, европските земји, Австралија, Јапонија, Индија, Малезија и Сингапур.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници