Три дронови летаа во нуклеарниот комплекс Генкаи

Од:

Јапонскиот национален нуклеарен регулатор соопшти дека три светли објекти за кои се верува дека се дронови летале во нуклеарниот комплекс Генкаи на југозападот од земјата.

Во соопштението се вели дека националниот нуклеарен регулатор бил известен за инцидентот од „Кјушу Електрик Пауер“, кој управува со нуклеарната централа Генкаи со четири реактори, објави новинската агенција Кјодо.

Регулаторот соопшти дека не се откриени абнормалности откако инцидентот бил пријавен околу 21 часот синоќа и дека нема ризик за околното подрачје. Летовите на дронови над и во близина на нуклеарните централи се генерално забранети, а службено лице на регулаторот го опиша инцидентот како „исклучително необичен“.

Локалните власти соопштија дека немало абнормалности во нивото на зрачење околу комплексот по инцидентот и дека на жителите не им било кажано да се евакуираат.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Наследство од 1945 година: Јапонија сè уште бара мировен договор со Русија

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

(ВИДЕО) Голема сообраќајка во Јапонија, се судрија 50 возила, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Јапонија одбива вина: Неосновани се тврдењата на Кина за инциденти за време на воени маневри

Кинески вооружени бродови влегоа во јапонски територијални води