Три деца во Индонезија починаа од непознат хепатитис

Од:

Три деца во Индонезија починаа од непозната болест на црниот дроб, соопшти Министерството за здравство во Џакарта, па бројот на починати од оваа болест во светот сега се зголеми на најмалку четири.

Сериозен тип на акутен хепатитис во претходните недели е откриен кај 170 деца во 11 земји, што предизвика загриженост во Светската здравствена организација (СЗО) поради болест од „непознато потекло“, пишува британски „Гардијан“.

Симптомите што се појавија кај децата дури и пред да развијат воспаление на црниот дроб вклучуваат гадење, повраќање, дијареа и абдоминална болка. Министерството за здравство соопшти дека три деца починале во болниците во главниот град Џакарта, откако имале некои од симптомите.

– Во моментов постапуваме со случаи како што е акутен хепатитис, но мора да потврдиме дека не станува збор за познати хепатитис А, Б, Ц, Д и Рб, изјави портпаролката на МЗ, Надија Тармизи.

Таа посочи дека Министерството во моментов ги истражува причините за болеста.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници