Три Чеченки ги излажале џихадистите од ИД за 3.300 долари

Од:

Полицијата во руската Чеченска Република денеска отвори истрага против три жени заради тоа што, наводно, измамиле џихадисти од Исламска држава.

Портпаролот на регионалната полиција, Магомед Денијев, изјави дека жените, наводно, отворале налози на социјалните мрежи за да контактираат со ИД, а потоа на џихадистите им зборувале дека немаат пари да отпатуваат во Сирија, пренесе Танјуг.

Откако ќе ги примиле парите за пат, тие ги гаснеле налозите на социјалните мрежи, објави весникот „Росискаја газета“.

Денијев тврди дека две жени со измама оствариле корист од 200.000 рубљи (околу 3.300 долари), но, додаде, дека е малку веројатно дека тие ќе бидат казнети за измама бидејќи за тоа треба ИД да им поднесе тужба.

Според податоците на руските власти, кон Исламска држава до сега се придружиле повеќе од 1.000 руски државјани.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска