„Трговци со сомнежи“ – од цигарите до климатските промени

Од:

Гласот на Америка – Вашингтон

„Трговци со сомнежи“, новиот документарен филм на Роберт Кенера, се занимава со скептиците кои ги оспоруваат климатските промени. Луѓето, кои како што тврди на филмот, сеат сомнежи и ја збунуваат јавноста во поглед на науката за глобалното затоплување, бидејќи нивните цели се спротивни на иницијативите да се запре глобалното затоплување.

Во документарниот филм се наведува дека коментаторите кои се изјаснуваат против глобалното затоплување, усвоиле стратегија на сеење на сомнежи, кои во минатото ги почнале тутунските компании.

Кенер вели дека истата група на луѓе кои тутунската индустрија ја користеле за да поттикнат сомнеж во поглед на штетните ефекти од цигарите, сега работата на климатските промени. Тој, конзервативните коментатори како што е Марк Морано основачот на веб сајтот Climatedepot.com, ги нарекува убедливи демагози.

Авторот на филмот, истакнува дека во денешно време, нафтената индустрија ги плаќа т.н. експерти за наука за да создаваат конфузија.

Како и во случајот со цигарите, тие луѓе велат – ни требаат уште студии, ни треба уште време или ни ја одзимате слободата, или ќе ги загубите сите работни места.

Меѓутоа, др. Петрик Мајклс, директор на Центарот за студии на науките во рамки на Институтот „Кејто“ е искрен скептик. Веќе 25 години, Мајклс е официјален климатолог на државата Вирџинија, верува дека глобалното затоплување се случува, но тврди дека предвидувањата на експертите се погрешни.

– Погледнете ја историјата на температурите на т.н. ниска тропосфера, во споредба со она што е предвидено со компјутерските модели на Обединетите нации. Тој диспаритет се повеќе расте. Не може да се каже дека планетата не се загрева, бидејќи се загрева, но факт е дека не се загрева со темпото кое е предвидено, вели Мајклс.

Меѓутоа, климатолозите и новата студија која е објавена во јануари, наговестуваат дека планетата всушност се загрева како што е предвидено со моделите.

Поранешниот конгресмен Боб Инглиш, кој се појавува во документарецот „Трговци со сомнежи“, конзервативен политичар од Северна Каролина, смета дека времето е истечено. Иако на почетокот и самиот го оспорувал глобалното затоплување, целосно ја променил политиката кога отишол на Антарктикот и видел докази за концентрацијата на јаглерод моноксид на места каде се дупчи ледената кора. Инглиш верува дека глобалното затоплување е универзален проблем, кој меѓутоа станал предмет на партиско оспорување.

– Всушност двете страни се виновни. Вината на левицата е што тука гледа социјално прашање кое предизвикува поделби, кое може да се искористи против конзервативците. Вината на десницата е што практично експлоатира страв кој останал од времето на големата рецесија, бидејќи луѓето тогаш се плашеле дека ќе ги изгубат домовите и работните места, вели Инглиш.

Тој вели дека многу конзервативци акцијата против климатските промени ја гледаат како напад на американскиот стил на живот.

– Тоа е горко апче – треба да се признае дека начинот на кој го организираме и воспоставуваме целиот свој живот е погрешен. А потоа се појавуваат луѓе кои сеат сомнеж и тоа е многу ефикасно, бидејќи просечниот граѓанин сака да го слушне тој одговор, сака научниците да не се во право, додава тој.

Во „Трговци со сомнежи“, Роберт Кенер остро ги критикува тие кои го негираат глобалното затоплување затоа што манипулираат со надежите и стравовите кај луѓето, но и самиот создава емотивен филм, кој буди силни емоции кај публиката.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска