Тревога на британските аеродроми по сознанијата за терористички „стелт“ бомби

Од:

Британските безбедносни власти проглсија тревога на лондонскиот аеродром Хитроу и на аеродромите во земјата преку кои се одвиваат летовите за американскиот континент, откако разузнавачките агенција открија дека џихадистите работата на производство на „стелт“ бомби за терористички напади.

Разузнавачите имаат сознанија дека ваквите бомби што не може да се откријат со сегашните детектори за метал и експлозивни направи, исламските терористи, стационирани на Западот, планираат да ги употребат за бомбашки напади врз авионите кои летаат преку Атлантикот.

Изработувачи на бомби од јеменската филијала на Ал Каеда,престојувале во Сирија, каде со припадници на тамошната исламистичка, милитантна група Џабхата ал Нусра, која е исто така дел од алкаедината терористичка мрежа, за да се произведе бомба што нема да биде откриена со сегашната техника за безбедносна контрола по аеродромите.

Разузнавачите открија дека терористичките групи и исламските милитантни работат на тоа да направат нов тип на експлозивна направа, во која нема да има метал,па не ќе може да се открие во багажот, или на патникот,доколку станува збор за бомбаш-самоубиец.

Припадници на Ал Каеда од Јемен беа вклучени во неуспешниот терористички напад од 25 декември 2009 година, кога авионот на американската компанија „Делта Ерлајнс“ требаше да експлодира над Детроит.

Американската ЦИА, три години потоа, откри план на јеменските џихадисти за извршување терористички напади врз авиони кои летаат преку Атлантикот.

Безбедносни експерти укажуваат на Ибрахим Хасан ал Асири,кој е Саудиец по потекло, а се верува дека е дел од Ал каеда во Јемен кој важи за изработувач на бомби за терористички напади. Ал Асири ја изработи бомбата што британските антитерористички сили, во 2010 година ја открија на аердромот во Мидлендс, централна Англија, во пратката со картриџи со боја за комнјутерски печатари, наменета за трговската мрежа во САД, што таму требаше да експлодира.

Претставник на британските безбедносни власти, потврдувајќи ги тревогата и зголемените мерки за безбедност на аердромите, изјави денеска дека Владата во Лондон води постојана грижа за максимална сигурност во авионскиот сообракај.

Во Вајтхол, во седиштето на британската Влада, меѓутоа, одбија да ги коментираат новите мерки, освен што беше речено дека патниците нема да бидат погодени, ниту дополнително вознемирувани со построга контрола при патувањето.

Со прогласената тревога на аеродромите во Велика Британија, се зголемува бројот на електронските апарати за проверка на багажот, а се засилува и контролата за чевлите на патниците и на сите нивни електронски направи и апарати.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он