Третина Британци сметаат дека тортурата е „понекогаш оправдана“

Од:

Една третина од Британците верува дека употребата на тортурата може понекогаш да биде потребна и оправдана,покажува истражувањето што го направи „Амнести Интернешенел“.

Процентот на вакво мислење,како и рабирањето за примената на тортура во Велика Британија е поголем отколку во земји како Русија,Бразил и Аргентина. Околу три третини од Британците се чувствуваат безбедни,кога станува збор за тортурата и веруваат дека тие нема да бидат изложени на вакво насилство,од домашните власти.

Околу 56 отсто се противат на примената тортура,додека 44 отсто од анкетираните,рекле дека ја отфрлаат забраната на тортурата.Во овој процент се оние кои веруваат дека таа поекогаш е оправдана,како и оние кои ја одобруваат.

„Амнести Интеренешенел“ организираше големо глобално истражување,што беше спроведено во 21 земји,со учество на 21 илјада лица,сите на возраст над 18 години. Во истражувањето,што беше дел од кампањата „Запрете ја тортурата“,големо мнозинство од анкетираните на глобално ниво,цели 83 отсто, се изјасниле категорично против. На друга страна, повеќе од една третина,или 36 отсто од учесниците во истражувањето,се согласуваат оти таа „може да биде прифатлива,за да се изнуди информација,неопходна за заштита на јавноста“.

Во соопштението на АИ не се крие загриженоста од ваквиот податок, што се оценува како алармантен“.

Аналитичарите на оваа хуманитарна организација веруваат дека делумна вина за ваквото мислење во јавноста,како во Велика Британија,така и во светот, имаат разните телевизиски серии и филмовите во кои се глорифицира тортурата. Истражувањето откри дека 44 отсто од луѓето во светот, стравува оти би можеле да бидат изложени на тортура,доколку бидат уапсени.

Дури 64 отсто од Мексиканците веруваат во таквата можност,а висок процент од анкетираните кој стравува дека може да бидат тортурирани од домашните власти, е забележан во Грција,Турција,Пакистан,Индонезија,Јужна Кореја,Кенија,Бразил и Перу. Директорот на „Амнести Интеренешенел“ во Велика Британија, Кети Ален изрази загриженост од наодите во истражувањето,забележувајќи дека АИ има уште многу работа што треба да ја заврши,а посбно во британската јавност.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он