Трета светска војна е клучот за излез од економската криза?!

Од:

Слабата побарувачка, зголемената нееднаквост и исчезнувањето на средната класа, прекумерената регулатива, конкуренцијата од Кина, неадекватната инфраструктура, недостатокот на идеи… Сето ова се причините кои веќе со години разни економски експерти ги изнесуваат обидувајќи се да објаснат што се крие зад незаприливото бавно закрепнување и срамежливиот раст на најсилните економии во светот.

Но, во последно време се почесто се изнесува и аргументот дека токму мирот во светот е причината за економската стагнација.

Долго време помина откако целиот свет последен пат беше вплеткан во некој голем воен конфликт, а како што пишува во New York Times професорот по Економија Тајлер Ковен – иако вестите за воените конфликти во Ирак или Јужен Судан оддаваат впечаток дека светот и денес е прилично крваво место, бројот на жртвите во овие војни не е ни приближно толку голем во споредба со десетиците милиони луѓе кои беа убиени за време на двете светски војни во првата половина на 20-ти век.

Дури и во Виетнамската војна настрадале многу повеќе луѓе отколку во било која друга војна после неа во која учествувала некоја развиена држава.

Колку и да звучи неверојатно, можеби Светскиот мир ја стопира потребата за постигнување на високи стапки на економски раст така што со самото тоа намалена е можноста дека економијата побрзо ќе расте. Тоа не значи дека самата војна води кон подобрување на економската состојба, со оглед на тоа дека директните последици на војните се деструкција и губиток на човечки животи.

Тајлер Ковен, кој инаку предава економија на Универзитетот Џорџ Мејсон, наведува дека и оваа теза не треба да се поврзува со кејнзианскиот аргумент според кој подготовките за војна мора да значат до зголемување на јавната потрошувачка и автоматско зголемување на вработеноста.

Спротивно на тоа, самата можност од избивање на воен конфликт владите ги наведува да бидат фокусирани и некои од најосновните одлуки кои ќе ги донесат да бидат точни. Тоа може да се однесува на инвестирање во науката или едноставно да се либерализира економијата. Таквиот фокус за крајни последици ги има подобрување на долгорочни економски перспективи.

И додека некој со право ќе каже дека е непримерно да бараме билошто позитивно во војна, друг ќе упати на тоа да се погледне историјата на САД каде што јасно може да се види дека изнесената теза не можеме туку така да ја отфрлиме. Фундаменталните иновации, како нуклеарната енергија, компјутерите и современите летала настанале како резултат на американските напори да ги заменат силите на Оската во Втората светска војна или СССР или Студената војна.

Интернетот првично бил замислен како мрежа која на Американците би требала да им користи во одбрамбени цели во случај на нуклеарен напад, а почетокот на Силиконската долина треба да се побара во дговорите со американската војска, а не во денешните start-app, пренесува New York Times. Лансирањето на Спутник во Америка предизвикало огромен интерес за науката и технологијата, што резултирало со економски раст.

Да не биле заканите од војна, никогаш на пример не би бил лансиран проектот Менхетн. Во склоп со тој проект атомската бомба е произведена за шест години, а почнале практично од нула. Проектот во својата кулминација “јадел” 0,4 проценти од американскиот БДП. Тешко е да се замисли некој ваков проект во денешно време.

Од друга страна, Тајлер Ковен ги наведува и позитивните страни кои ги донел периодот на без глобални конфликти. Покрај мирот сам по себе тука се и чистата животна средина, како и поголемото време кое луѓето можат да си го посветат сами на себе. Исто така степенот на толеранција кон малцинствата е на повисоко ниво.

Така, иако економскиот раст е во стагнација бидејќи нема некој голем воен конфликт, светот без војни денес е несомнено подобро место отколку што би можеле да заклучиме читајќи ги економските анализи.

Голема предност е да живееме во свет во кој претежно владее мир и чиј вкупен БДП расте со стапка од 2% во однос на ситуација во која БДП скока за 4%, а при тоа луѓе умираат.

Прашањето е, секако, дали моменталниот мирен период всушност е само еден голем балон кој чека да пукне?

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

Кличко повторно жестоко го критикуваше Зеленски: „Војната е изговор за централизација на Украина“

А1он

Ердоган: Замижуваат пред масакрите, западните земји паднаа на тестот во Газа, го изгубија кредибилитетот

А1он

Финска не гледа воена закана од Русија, вели премиерот Орпо

А1он

Шведските министри ги предупредија граѓаните: Подгответе се за војна