Трас: Смртната казна за Британците е прекршување на Женевската конвенција

Од:

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас денеска изјави дека пресудите против двајца Британци осудени на смрт во источна Украина ја прекршуваат Женевската конвенција.

– Пресудата против нив е грубо кршење на Женевската конвенција, напиша Трас на Твитер по разговорот со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Таа разговарала со Кулеба за тоа како да се интензивираат напорите за ослободување на воените заробеници на проруските територии во Украина.

Врховниот суд на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) вчера осуди на смрт двајца британски државјани и еден Мароканец за, како што се наведува, учество во непријателства на страната на украинските вооружени сили како платеници. Ден претходно Врховниот суд на ДНР објави дека Британците Шон Пинер и Ајден Аслин и Саудун Брахим, од Мароко, кои се бореле на страната на Украина, делумно ја признале вината.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Oблачно со услови за дожд

Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја опдбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина

ВИДЕО: „Три години херојски отпор“, Зеленски објави порака на годишнината од војната

ВИДЕО: Нападната рафинерија во Русија, предизвикан пожар

Русија не ја прифаќа идејата на САД за брз прекин на војната

ВИДЕО: Пред точно три години Путин ја почна војната против Украина, светот влезе во нова ера