Трас: Ако Путин успее, ќе имаме невидена беда низ Европа

Од:

Шефицата на британската дипломатијата Лиз Трас, која е и фаворит за наследник на Борис Џонсон, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го користи рускиот гас за да го држи во заложништво целиот свет.

На новинарско прашање дали таа верува дека „Владимир Путин практично го држи остатокот од светот како заложник со драстичното намалување на испораката на гас за Германија“, Трас одговори: „Токму тоа го прави. Исклучително е важно да останеме силни во борбата против неговата застрашувачка агресија“.

– Ако дозволиме Владимир Путин да успее, тоа ќе предизвика невидена беда низ Европа. Знаеме дека Путин нема да застане само на Украина. Тој и се заканува на цела Источна Европа и демократијата, изјави шефицата на британската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Поранешна британска премиерка додека била на функција потрошила илјадници фунти на кетеринг

До крајот на животот Трас ќе добива 115.000 фунти годишно од државата

А1он

Медведев: Дајте и на Трас Нобелова награда за најбрзо уништување на британскиот финансиски систем

Неколку кандидати за наследник на Трас, не e исклучено враќање на Борис Џонсон

А1он

Трас со најкраток мандат во британската историја

А1он

Срамна лидерка која ќе се памети по катастрофалната неписменост – рекација на Русија на оставката на ТРас

А1он