Медведев: Дајте и на Трас Нобелова награда за најбрзо уништување на британскиот финансиски систем

Од:

Поранешниот претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, преку Телеграм се исмеваше со лошите резултати на британската премиерка Лиз Трус, која денеска поднесе оставка. Тој напиша дека Трус заслужува Нобелова награда за колапсот на британската економија.

„Нобеловата награда за економија за најбрзо уништување на националниот финансиски систем треба да и биде доделена на Лиз Трус“, напиша Медведев на Телеграм, пренесува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.

Британската канцеларија за национална статистика (ONS) претходно објави дека стапката на инфлација во Обединетото Кралство, поттикната од скокот на цените на храната, се зголеми на 10,1 отсто на годишна основа во септември. Во август таа изнесуваше 9,9 отсто, што е највисоко во последните 40 години.

Британската централна банка претходно објави дека британската економија влезе во рецесија. Една од најважните причини беше вртоглавото зголемување на трошоците за енергија по неодамнешните настани во Украина.

БДП на земјава во вториот квартал годинава падна за 0,1 отсто, а сличен пад се очекува и според резултатите од третиот квартал.

Би можело да ве интересира

„Идиоти“, „високорангирани морони“ и „уште една будала“

Катерина Ѓуровски

Медведев: Се поблиску сме до апокалипса

Медведев: Дедото Бајден што умира можеби сака да земе половина од човештвото со себе во смрт

Медведев: Нуклеарната апокалипса не само што е можна, туку и веројатна

Москва: Само да не го изберат „типот со деменција“

Медведев бесен на Твитер

Ана Ололовска