„Идиоти“, „високорангирани морони“ и „уште една будала“

Од:

Конфликтот во Украина може да доведе до Трета светска војна поради „идиотите“ кои се на водечки позиции на Запад, предупреди поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

„Бројот на високорангирани морони расте во земјите-членки на НАТО“, напиша тој Телеграм.

Медведев, кој моментално ја извршува функцијата заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, одговараше на изјавите од Лондон и Берлин претходниот ден.

Поранешниот претседател го нарече новоименуваниот британски секретар за одбрана Грант Шапс „тазе измислен кретен“ поради неговата идеја да испрати британски воени инструктори во Украина за да ги обучуваат локалните војници за конфликт со Русија, објави Раша тудеј.

Ако тоа се случи, британските војници ќе станат „легитимна цел“ на руските сили, предупреди Медведев.

Шапс предложи да се испратат инструкторите во Украина, „добро знаејќи дека тие ќе бидат безмилосно уништени, веќе не како платеници, туку токму како британски специјалисти за НАТО“, напиша рускиот претставник.

Медведев, исто така, ја опиша шефицата на комисијата за одбрана на германскиот парламент, Мари-Агнес Штрак-Цимерман, како „уште една будала“, откако таа го повика Берлин да му достави на Киев крстаречки ракети со долг дострел Таурус.

Таа, исто така, тврдеше дека украинските напади врз цели во Русија со користење на муниција од германско производство ќе бидат целосно во согласност со меѓународното право.

„Во овој случај, руските напади врз германските фабрики каде што се произведуваат тие проектили, исто така, ќе бидат целосно во согласност со меѓународното право“, рече тој.

Сепак, тие идиоти активно не туркаат кон Трета светска војна“, заклучува поранешниот претседател.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Синот на Трамп објави монитрано видео на кое татко му го удира Зеленски со нога во глава

Катерина Ѓуровски

Орбан предложил, а Путин прифатил божиќно примирје

(ВИДЕО) Макрон има план: 40 000 НАТО војници во Украина

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Се надевам дека Орбан нема да му се јави и на Асад

Зеленски и Макрон му објаснувале на Трамп дека Путин не е истиот од 2017

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во руски воздушен напад на Запорожје најмаку шест мртви