Транспаренси Интернешанл: Корупцијата е еден од најголемите проблеми на Косово

Од:

Косовските граѓани сметаат дека корупцијата е еден од најголемите проблеми, што е случај и со еден од тројца жители на Европа и централна Азија, за кои корупцијата е еден од најголемите предизвици за нивната земја, покажуваат резултатите од истражувањето на организацијата Транспаренси Интернешанл.

Меѓу земјите во кои корупцијата е најголем проблем се и Словенија, Молдавија и Украина.

Во Молдавија 76 отсто од граѓаните сметаат дека нивните политичари се корумпирани, додека во Украина тоа го мислат 64 проценти. Исто така, 86 отсто од анкетираните Украинци одговориле дека нивната Влада е лоша во борбата против корупција, а во Молдавија тоа го сметаат 84 проценти од населението.

Шеесет и шест отсто од Шпанците ја гледаат корупцијата како еден од најголемите проблеми на земјата, за разлика од Германија, каде само два отсто го имаат тоа мислење.

Инаку, 30 отсто од испитаниците сметаат дека корупцијата минува неказнето, бидејќи луѓето се плашат од последиците доколку пријават.

Истражувањето покажало дека само едно од пет лица пријавуваат поткуп, а две од пет лица кои пријавуваат имаат некаков вид на последици.

Подмитување има најмногу во Романија, каде 29 отсто жители пријавиле давање поткуп, потоа следуваат Литванците со 24 проценти и Унгарците со 22 отсто.

Во истражувањето учествувале 60.000 луѓе од 42 земји од Европа и централна Азија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

ВЛЕН: За еден месец се сруши кулата изградена со криминал и корупција

ДУИ бара еднаков и транспарентен процес во борбата против корупцијата

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија