Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека Советот за мир постигнал договор за разоружување на Хамас и другите вооружени групи во Газа.
„Денес, Советот за мир постигна историски договор за целосно разоружување на Хамас и сите други вооружени групи во Газа. Ова е монументален чекор кон траен мир и безбедност“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа X.
Како што изјави, договорот е клучен чекор кон тоа Газа конечно да биде управувана од нова палестинска влада која ќе соработува тесно со Советот за мир за да му помогне на палестинскиот народ.
„Во исто време, Израел ќе ја има безбедноста што ја заслужува, а Газа повеќе нема да биде база за терористички напади“, рече американскиот претседател, додавајќи дека ова е важна пресвртница во спроведувањето на неговиот претходен план од 20 точки, објавен минатата година, кој предвидуваше Газа да стане дерадикализирана, зона без тероризам што не претставува закана за своите соседи.
Според него, договорот ќе се спроведува во внимателно структурирани фази.
„Со завршувањето на процесот на разоружување, израелските сили ќе се повлечат, а Меѓународните сили за стабилизација ќе соработуваат со новите палестински полициски сили за да ја преземат одговорноста за безбедноста на Газа за нејзиниот народ и нејзините соседи. Пред една година имаше насилна војна, хуманитарна криза, а заложниците беа држени во брутално заробеништво“, рече Трамп, додавајќи дека е постигнат историски напредок и дека останува уште многу работа да се направи.
„Сакам да им се заблагодарам на медијаторите – Египет, Катар и Турција – за нивните важни напори, а особено на мојот извонреден тим, чија неуморна работа го овозможи овој историски пробив“, рече Трамп.
„Заканата што дојде од Газа на 7 октомври нема да биде повторно создадена“, рече тој.
„Според овој договор, Газа конечно ќе биде во рацете на нова палестинска влада која ќе му служи на својот народ. Честитки до сите за овој неверојатен развој, за кој сите велеа дека никогаш не може да се случи“, заклучи Трамп.
Високи претставници на Хамас денес објавија дека е постигнат договор за прекин на конфликтот со Израел, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека палестинската милитантна група е подготвена да се разоружа.
Двајца високи претставници на Хамас, кои зборуваа под услов на анонимност за АФП и беа објавени од „Тајмс оф Израел“, рекоа дека договорот опфаќа прашања поврзани со арсеналот на движењето, како и постепено повлекување на израелските сили од Појасот Газа.
„Постигнат е договор за прашањето за оружјето. Исто така, договорено е постепено повлекување на израелските сили од Појасот Газа“, рече еден од претставниците, додавајќи дека Хамас сега очекува медијаторите и Комитетот за мир да обезбедат Израел да ги спроведе договорените услови.
Според висок претставник, Палестинскиот технократски комитет, кој Комитетот за мир го формираше за управување со Газа, ќе биде задолжен да го надгледува процесот на каталогизирање и складирање на оружјето на Хамас во согласност со договорот.
„Националниот комитет за управување со Газа (NCAG) ќе управува и ќе го спроведува каталогизирањето и складирањето на оружјето според договорениот распоред“, рече функционерот.
Тој додаде дека Националниот комитет ќе биде единственото тело овластено да поседува, складира и контролира оружје во Појасот Газа.
Трамп рече дека Комитетот за мир постигнал договор за разоружување на Хамас и другите вооружени групи во Газа.
„Денес, Комитетот за мир постигна историски договор за целосно разоружување на Хамас и сите други вооружени групи во Газа. Ова е монументален чекор кон траен мир и безбедност“, рече Трамп во објава на Твитер.
